ТРАМП ПРИСТИГНА ВО ЈАПОНИЈА: Од партија голф до Трамп куп, само за да се откаже од царините на јапонските автомобили (ФОТО) - Слободен печат
ВестиПланета

ТРАМП ПРИСТИГНА ВО ЈАПОНИЈА: Од партија голф до Трамп куп, само за да се откаже од царините на јапонските автомобили (ФОТО)

После краткиот дочек на аеродромот, Трамп се упатил во американската амбасада каде го очекуваат деловни разговори.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска пристигна во официјална посета на Јапонија, во текот на која ќе разговара со тамошниот цар Нарухито.

После краткиот дочек на аеродромот, Трамп се упатил во американската амбасада каде го очекуваат деловни разговори.

Посетата на Трамп е дел од дипломатската офанзива на јапонскиот премиер Шинзо Абе, за која аналитичарите велат дека засега ја спасила Јапонија од заштитничките мерки на Трамп.

Фото: EPA / Koji sasahara / Pool

Се очекува премиерот Шинзо Абе да оди на голф со Трамп, а потоа и на сумо натпревар, каде Трамп на победникот ќе му додели „Трамп куп“, изработен во САД.

„Од сите држави на светот, јас сум почестен гост на најголемиот настан кој се одржува во последните 200 години“, изјави Трамп.

Претседателот на САД сепак не се откажа од можноста да воведе потенцијално опасни царини на увоз на јапонските автомобили под изговор за заштита на националната безбедност.

Царините се веќе воведени ја јапонскиот алуминиум и челик.

Фото: EPA / Koji sasahara / Pool

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close