ТРАМП ПРИСТИГНА НА АНГЛИСКИ ЧАЈ: Претседателот на САД во Лондон, ова е целта на неговата посета (ВИДЕО)

фото: EPA/WILL OLIVER

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во посета на Велика Британија, за време на која ќе има прием кај кралицата Елизабета Втора и ќе разговара со премиерката Тераза Меј.

По големата церемонија за добредојде во Бакингемската палата и разговорот со кралицата, Трамп ќе се напие традиционален англиски чај со принцот Чарлс.

Формален државен банкет се планира за во вечерните часови.

Во рамките на посетата на Европа, претседателот на САД ќе учествува на комеморацијата по повод 75-годишнината на „Денот Д“, на Нормадиско-американските гробишта во Франција, како и на други комеморативни собири кои за овој повод ќе бидат оддржани на двете страни од Ла Манш.

Планирана е и првата официјална посета на Трамп на Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот