Трамп: Преместивме неколку опасни борци на Исламската држава на безбедна локација

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД на непозната локација ги преместиле некои од најопасните борци на Исламската држава, кои се заробени на север во Сирија.

Американскиот претседател на својот Твитер профил објави дека таканаречените „Битлси“ се преместени на непозната локација за да можат да внимаваат на нив, додека трае турскиот воен упад во тоа подрачје.
Турските сили го нападнаа северниот дел на Сирија за да ги поотиснат курдските борци кои ги сметаат за терористи, јавува Ројтерс.

Како што се пренесува, Курдите исто така чуваат илјадници борци на ИД во затвори, па постоела загриженост дека тие би можеле да бидат ослободени ако курдските сили ги остават своите положби.

Како што се пренесува, Трамп не дал прецизна бројка за тоа колку милитанти се преместени од север во Сирија, ниту пак на која локација се наоѓаат сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот