Трамп преку членките на НАТО се обидува да ја запре експанзијата на Хуавеи

Американскиот претседател Доналд Трамп, најави дека ќе побара од земјите членки на НАТО целосно да ја отфрлат соработката со кинеската телекомуникациска компанија Хуавеи.

Во рамките на трговската војна која изминатите месеци се одвива помеѓу САД и Кина, Трамп на своите НАТО сојузници им го повтори безбедносниот ризик кој им се заканува на државите членки кои користат технологија од оваа кинеска компанија.

Предупредувањето на Трамп уследи откако на самитот на НАТО, државите членки ја посочија неопходноста од воведувањето на 5Г технологијата.

Според западните агенции Трамп веќе добил уверување од некои од земјите членки на алијансата дека нема да соработуваат со кинеската компанија Хуавеи.

САД и пред се администрацијата на Трамп стравуваат од глобалната доминација на Кина во 5Г технологијата, што се смета за голем безбедносен ризик, но и слабеење на САД во своите позиции како светска супер сила.

Останува нејасно како и на кој начин Трамп ќе го наметне своето барање до членките на НАТО за бојкотирање на соработката со Хуавеи.

Од земјите членки на северноатланската алијанса, досега само Италија вети дека нема да соработува со компанијата Хуавеи.

Германија, Велика Британија , Холандија и Шпанија, претходно излегоа со став дека нема да и бранат на кинеската компанија Хуавеи да ја инсталира 5Г мрежата во нивните држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот