Трамп повторно удри по НБА: Луѓето повеќе не сакаат да ве гледаат

epa08615435 US President Donald J. Trump's speaks at a campaign stop at the Miriotti Building Products Factory in Old Forge, Pennsylvania, USA, 20 August 2020. The Trump campaign plans numerous stops in the seven 'Rust Belt' states. EPA-EFE/Peter Foley

Претседателот на САД по втор пат во последната недела ја критикуваше НБА лигата поради политизирање поради нејзините постапки против полициската бруталност.

Доналд Трамп првиот напад кон кошаркарите но и челниците на НБА лигата кои застанаа зад своите играчи, го имаше минатата недела. Тогаш на Трамп не му се допадна тоа што играчите одлучија да ги бојкотираат натпреварите од првата рунда во плеј-офот како еден вид на протест против расната дискриминација и полициската бруталност.

Имено, во сојузната држава Висконсин од страна на полицаец беше убиен Афроамериканецот Џејкоб Блејк. Сега откако и официјално ја започна кампањата за вториот претседателски мандат, Трамп одново ја нападна НБА лигата.

– Луѓето се уморни од гледање на високо политизираната НБА. Рејтингот на НБА падна и повеќе нема да расте. Се надевам дека во НФЛ и во МЛБ го гледаат тоа и ќе реагираат бидејќи може да им се случи истата работа. Стојте високо за нашата држава и нашата застава – порача Трамп.

НБА играчите пред секој натпревар клечат додека се интонира американската химна како знак на поддршка за Афроамериканците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот