Трамп повторно шокираше: Дезинфекциски средства да се вбризгуваат во телата на болните од коронавирусот (ВИДЕО)
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно шокираше со неговите коментари за лек за коронавирус.
Трамп на прес-конференција за коронавирусот сугерирал дека вбризгувањето дезинфекциски средства во телото би можело да го убие коронавирусот, а предложил и зрачење на телото на болниот од Ковид-19 со УВ-зраци.
Американските научници откриле дека вирусот брзо ја губи силата кога е изложен на сонце, топлина и влага, а истражувањето го претставиле пред јавноста на прес. Заедно со тоа, истражувањето открило и дека избелувач би можел да го убие вирусот во капките или во респираторните течности во рок од пет минути, а изопропилниот алкохол наводно може да го стори истото во покусо време. Трамп истакнал дека треба многу внимателно да се сфати ова истражување.
„Да претпоставиме телото да го изложиме на големи УВ-зраци или некое друго моќно зрачење“, рекол Трамп при што се обратил на докторката Дебора Биркс, која е координаторка за борба против коронавирусот во Белата куќа. „Мислам дека рековте дека тоа сè уште не сте го провериле, но дека ќе го тестирате“.
Американскиот претседател предложи вбризгување во белите дробови.
„Јас тогаш реков што ќе се случи ако пуштиме зраци внатре во телото, што може да се направи преку кожата или на некој друг начин, па вие рековте дека ќе тестирате. Тогаш видов дезинфекциски средства кои го уништуваат вирусот во минута, постои ли начин да направиме такво нешто, преку инјекција или со чистење? Средството да влезе некако во белите дробови. Тоа е интересно да се провери“, додал Трамп.
Докторката Биркс на тоа одговорила дека температурата помага во борбата против коронавирусот, но не начинот на кој што го кажува тоа претседателот.
Погледнете ја нејзината реакција кога Трамп зборуваше за ова:
Here is Dr. Birx's reaction when President Trump asks his science advisor to study using UV light on the human body and injecting disinfectant to fight the coronavirus. pic.twitter.com/MVno5X7JMA
— Daniel Lewis (@Daniel_Lewis3) April 24, 2020