ТРАМП ПОВТОРНО ШОКИРА: Го смени шефот на Пентагон, кој ќе ја води американската војска?

Новиот вршител на должноста министер на одбраната на САД ќе стане Марк Еспер, бидејќи досегашниот човек кој ја вршеше оваа функција, Патрик Шанахан, одлучи да не го помине процесот за утврдување на функцијата министер во Сенатот, соопшти претседателот на САД, Доналд Трамп.

Според неговите зборови, Шанахан одработил фантастична работа на местото вршител на должноста како шеф на Пентагон но одлучил да не продолжи со политичката кариера, туку да му се посвети на семејството.

„Му благодарам за неговата служба и тоа што за свој наследник го постави министерот на копнените сили Марк Еспер“, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот претседател нагласи дека лично го познава Еспер и смета дека тој одлично ќе се снајде на новата функција.

Еспер претходно ја вршеше функцијата министер на копнените сили во структурата на Пентагон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот