ТРАМП ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНИ: Ќе ја затвориме границата со Мексико

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Мексико да вложи повеќе напори за да го запре новиот миграциски „карван” упатен кон САД и повторно се закани дека ќе ја затвори границата или ќе испрати уште војници.\

– Многу голем карван од над 20.000 луѓе тргнал од Мексико, напиша Трамп на Твитер.

Според него, мексиканските власти ја намалиле неговата бројност, но тој продолжува да се движи кон САД.

– Мексико треба да ги задржи останатите или ќе бидеме принудени да затвориме дел од границата и да ја повикаме армијата – изјави Трамп.

Американскиот претседател смета дека Мексико не прави доволно за да ги задржи и да ги врати мигрантите.

Тој, како што рече, „мексикански војници неодамна извадиле оружје против Американци од Националната гарда. Според него инцидентот најверојатно е „тактика за пренасочување на вниманието од нарко-дилери”.

– Подобро е повеќе да не се повтори. Сега испраќаме вооружени војници на границата, изјави Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот