ТРАМП ПОВТОРНО ГО ЗАПАЛИ БЛИСКИОТ ИСТОК: За 10 дена можам да го избришам Авганистан од лицето на земјата! (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

ТРАМП ПОВТОРНО ГО ЗАПАЛИ БЛИСКИОТ ИСТОК: За 10 дена можам да го избришам Авганистан од лицето на земјата! (ВИДЕО)

Претседателот на САД нагласи дека Пакистан ќе му пружи полна поддршка на Вашингтон во повлекувањето на трупите од Авганистан.

Американскиот претседател Доналд Трамп, бара помош од Пакистан за САД да се повлече од војната со Авганистан, најгласувајќи дека би можел да го добие тој воен конфликт за само една недела.

– Можам да ја добијам таа војна за една недела. Авганистан би можел да биде избришан од лицето на земјата, буквално за 10 дена. Но, нема да одам по тој пат, не сакам да убијам 10 милиони луѓе – изјави Трамп за време на посетата на пакистанскиот министер Имран Кан во Белата куќа.

Претседателот на САД нагласи дека Пакистан ќе му пружи полна поддршка на Вашингтон во повлекувањето на трупите од Авганистан.

– Ние сме таму 19 години и настапувавме како полицајци, а не како војници. Сега сме најблиску до мировен договор – рече Трамп.

Од друга страна, Кан се надева дека авганистанската влада за неколку недели ќе прифати да преговара со талибанците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close