Трамп повикува Светска банка да не и дава повеќе пари на Кина

Фото: Smialowski / AFP / Profimedia

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во повеќе пораки на Твитер ја повика Светска банка да не и дава повеќе кредити на Кина.

– Зошто Светска банка и дава пари на заем на Кина? Како е тоа можно? Кина има многу пари, а и кога ги нема, ги создава. Стоп”, напиша Трамп, додавајќи дека кредитите на Светска банка „ќе бидат намалени како што е договорено со американските акционери”.

Американскиот претседател нагласи дека кредитите постепено ќе престанат да им се даваат на земјите кои стануваат побогати.

Администрацијата на САД смета дека Кина како втора економска сила во светот е доволно богата да се финансира сама и не и се потребни кредити од Светска банка.

Кина и САД се во трговска војна веќе една и пол година. Засега сè уште не се знае кога ќе биде постигнат трговски договор. Билатералните односи се дополнително влошени бидејќи американскиот Конгрес наводно ја осудил кинеската политика во Хонгконг и кон Ујгурите, муслиманско малцинство во северозападниот дел на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот