Трамп потврди: Ќе потпишеме договор со талибанците во Авганистан

Претседателот на Доналд Трамп вели дека САД наскоро ќе потпишат договор со талибанците и владата на Авганистан, што би овозможило повлекување на американските трупи од земјата.

Американските трупи во Авганистан војуваат речиси 20 години.

Државниот секретар Мајк Помпео заминува во Катар, каде ќе биде сведок на потпишувањето на договорот со талибанците во Доха, додека министерот за одбрана Марк Епсер „ќе даде заедничка изјава“ со владата во Кабул, објави Трамп, а пренесува „Раша тудеј“.

„Ако талибанците и владата на Авганистан ги исполнат овие обврски, ќе имаме силе пат напред за да ја завршиме војната во Авганистан и да ги вратиме своите трупи дома“, се наведува.

Американскиот претседател ги опиша претстојните обврски како „важен чекор кон трајниот мир во новиот Авганистан, ослободен од Ал Каеда, Исламската држава и било која друга терористичка група која би сакала да нанесе штета“ и го повика народот во Авганистан „да ја искористи оваа можност за мир и нова иднина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот