Трамп и Путин

Трамп потврди дека ,,многу брзо“ ќе се сретне со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека „многу брзо“ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин откако следната недела ќе ја преземе функцијата.

Тој не го даде рокот за средбата, која ќе биде прва меѓу лидерите на двете земји од почетокот на руската војна со Украина во февруари 2022 година.

Запрашан за неговата стратегија за завршување на војната, Трамп за „Њузмакс“ изјави дека „има само една стратегија и таа зависи од Путин. Не можам да замислам дека е премногу воодушевен од начинот на кој сè се одвиваше, бидејќи ни нему не му одеше баш најдобро“.

– Знам дека сака да се сретнеме, и ќе се сретнам со него многу скоро. Ќе го направев тоа и порано, но… прво морам да влезам во канцеларија. За некои работи мора да бидеш таму“, рече тој.

Американскиот конгресмен Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност, во неделата изјави дека очекува разговор меѓу Трамп и Путин во „наредните денови и недели“.

Руската инвазија на Украина остави десетици илјади мртви, милиони раселени и ја предизвика најголемата криза во односите меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот