Трамп: Постигнавме трговски договор со Кина!

EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска на Твитер објави дека САД постигнале договор во првата фаза од обидите за постигнување на конечен трговски компромис со Кина.

Според овој договор, Вашингтон ќе се откаже од воведување на царини на увоз на кинеска роба, планирани за недела, додека Пекинг ќе го зголеми купувањето на американски земјоделски производи.

„Постигнавме детален договор од првата фаза од преговорите со Кина. Тие прифатија многу структурни промени и зголемено купување на земјоделски, енергетски и индустриски производи, но и уште многу други“, напиша Трамп на Твитер.

Тој исто така напишал дека САД ќе намалат некои царини на кинеска роба, кои биле воведени од порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот