На повидок мировен план за Украина / Зеленски, Трамп и Путин

Трамп постави нов рок за прекин на огнот во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да обезбеди прекин на огнот во руската војна против Украина до Велигден, објави Блумберг, цитирајќи неименувани официјални лица.

Трамп претходно вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа. По неговата победа на претседателските избори во САД, таа временска рамка беше ревидирана.

Американската администрација им кажа на европските претставници дека се надева дека ќе постигне договор за прекин на огнот до Велигден, кој се паѓа на 20 април оваа година, објави Блумберг во напис од 16 февруари.

Планот на Трамп за брзо решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина е амбициозен и „потенцијално нереален“, сметаат добрите познавачи на состојбите.

Поверојатно е Трамп да успее да обезбеди прекин на огнот во Украина до крајот на годината, наместо до Велигден, велат истите извори.

Во текот на изминатата недела, САД презедоа неколку чекори за да ја унапредат својата агенда кон Русија и Украина – од кои некои предизвикаа загриженост меѓу европските и украинските претставници.

Трамп телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин на 12 февруари и имаше посебен разговор со претседателот Володимир Зеленски истиот ден.

„Не се сомневаме дека заканата за Европа е Русија на Владимир Путин, телефонскиот повик на Трамп со Путин беше грешка“, рече полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски на конференцијата за безбедност во Минхен.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, ги шокираше европските лидери кога рече дека Европа нема директно да се вклучи во мировните преговори меѓу Русија и Украина.

„Од тука изгледа малку како отстапка“, рече Кристоф Хојсген, претседател на Конференцијата во Минхен, во интервју за Блумберг.

Американската стратегија ризикува да игра во рацете на Путин бидејќи Трамп направи значителни отстапки уште пред да започнат преговорите. „Тој чувствува слабост“, рече Хојсген, размислувајќи за неговите искуства со рускиот претседател додека тој беше советник на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел. Мислам дека она што тој го чувствува сега е нешто што му се допаѓа“.

Францускиот претседател Емануел Макрон во објава на социјалните мрежи во неделата рече дека разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за Украина и како да се дизајнира мировен процес со „Европејците во нејзиниот центар“.

Макрон денеска е домаќин на своите колеги од Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска со цел да разговараат за нивниот одговор, заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Според официјален претставник запознаен со подготовките, разговорите ќе се фокусираат на Украина и кои безбедносни гаранции би можеле веднаш да се договорат европските земји за да не биде исклучена Европа од преговорите на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот