Трамп: После пандемијата се влошија односите со кинескиот претседател

Трамп рече дека последиците од коронавирусот се полоши од економските судири, поради смртта на голем број луѓе и запирањето на секојдневниот живот ширум светот.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот рече дека неговиот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг се влошил по избивањето на пандемијата од коронавирус и деак со него долго време не разговорал.

„Имав одличен однос со него“, рече Трамп во разговорот за Фокс Спортс Радио, споменувајќи ја првата фаза од трговскиот договор меѓу двете најголеми светски економии.

„Имав одличен однос со претседателот Си. Ми се допаѓаше, но сега повеќе не се чувствувам така“.

Нагласи дека го сменил ставот по избивањето на пандемијата од коронавирус и дека со СИ не разговорала „многу долго“.

Трамп на изборите на 3. ноември ќе се обиде да освои нов мандат на чело на САД, а спротивставувањето на Кина беше едно од неговите главни ветувања на изборите во 2016 година.

Во текот на мандатот се фалеше со пријателски односи со Си, во време додека двете страни се обидуваат да ги решат трговските спорови.

Но во вторникот рече дека последиците од коронавирусот се полоши од економските судири, поради смртта на голем број луѓе и запирањето на секојдневниот живот ширум светот.

„Тоа е срамота“, рече Трамп.

Првите извештаи за коронавирусот се појавија на крајот на 2019 година во Кина, а досега се заразени повеќе од 20 милиони луѓе, со 735 илјади смртни случаи.

Во САД се заразени помалку од 5,1 милиони луѓе, а починаа 163 илјади.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот