Трамп помилува седум лица, ја намали и затворската казна на Род Благоевиќ

Благоевич е еден од четворицата кои претседателот Трамп денеска ги помилува со намалување на затворските рокови.

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја намали затворската казна на Род Благоевиќ, поранешен гувернер-демократ на сојузната држава Илиноис, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Благојевиќ беше осуден на 14 години затвор поради, како што укажаа обвинителите, обид да го „продаде” сенаторското место од Илиниос, ослободено по изборот на Барак Обама за претседател на САД во 2008 година.

Благојевиќ, додека беше под истрага за злоупотреба, во 2010 година учествуваше во „Кандидат”, реалното шоу на Трамп, а од фунцијата беше отстранет претходната година.

– Точно, го намаливме затворскиот рок на Род Благоевиќ. Осум години затвор е доволно долго, кажа Трамп денеска на новинарите додека патуваше со авион во Лос Анџелес.

Благоевиќ е еден од четворицата кои претседателот Трамп денеска ги помилува со намалување на затворските рокови.

– Претседателот ги скрати затворските казни на четири лица кои ги исплатиле своите долгови пред општеството и во затвор работеле да го подобрат својот и животот на другите околу нив, се вели во изјавата од Белата куќа.

Покрај тоа, Трамп денеска целосно помилува седум лица, вклучувајќи го и бизнисменот Едвард Де Бартоло-помладиот, финансиерот Мајкл Милкен, претприемачот Ариел Фидлер и Бернард Керик, поранешен комесар во управата на полицијата во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот