Трамп победи во Флорида и Тексас, резултатите сѐ уште неизвесни

Претседателот на САД, републиканецот Доналд Трамп го победи кандидатот на демократите, Џозеф Бајден, во сојузната држава Флорида, една од најважните за исходот на изборите.

Флорида е често клучна држава кога трката е неизвесна како вечерва.

Освојувањето на Флорида го остава Трамп во трка за нов мандат. Да ја загубеше Флорида, немаше да има големи шанси да победи. Со победата во Флорида, Трамп „доби” уште 29 гласачи и сега има 174.

Бајден досега „освои” 223 изборни гласови.

За да победи на изборите, кандидатот треба да освои 270 од 538 гласачи.

Во сите други клучни држави, Трамп и Бајден водат неизвесна трка.

Трамп победи и во државата Тексас, според проекции на АП. Тоа претставува разочарување за демократите кои се надеваа дека ќе ја „превртат историски црвената држава”.

Тексас не гласаше за демократ за претседател од 1976 година, иако постоеја заеднички напори државата да се претвори во сина во последните неколку години. Трамп го освои Тексас, кој носи 38 изборни гласови, со 9 отсто во 2016 година.

Трамп имаше предност од околу еден поен во државата една недела ден пред денот на изборите, според анкети на FiveThirtyEight.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот