Трамп панелот на климатски промени во Давос го искористи за предизборен говор

Кога американскиот претседател се појави пред публиката, го започна својот говор со тоа како САД се во полна сила и дека неговата администрација ја опоравила економијата на САД.

Денес во Давос, Швајцарија, се одржува годишниот собир на Светскиот економски форум (СЕФ). Меѓу говорниците на панелот беше и младата активистика од Шведска, Грета Тунберг, а по неа, на сцената стапи и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тема на овогодишната јавна расправа на СЕФ се работните иницијативи за заштита на животната средина, доквалификација на вработените и вложувањата во обновливите извори на енергија кои помагаат во постигнување на подобри глобални услови за живот.

Пред говорот на Трамп, прикажан е фил за губењето на биолошкиот диверзитет и како употребата на пестицидите предизвикува изумирање на пчелите. Симонета Сомаруга, претседателската на Швајцарската Конфедерација, повика на акција, велејќи дека е погрешно да се ставаат економските интереси над потребите на екосистемот.

Прочитајте и...  Екс министерот за финансии Тевдовски заминал во Вашингтон да работи во ММФ

Говорот на Доналд Трамп беше предвиден за 11.30 по локално време, но тој доцнеше. Во 11.42 часот на сцената се појави хор кој ја отпеа стара швајцарска песна од 16 век.

Кога американскиот претседател се појави пред публиката, го започна својот говор со тоа како САД се во полна сила и дека неговата администрација ја опоравила економијата на САД. Рече дека никогаш не бил повеќе позитивен за американската иднина, дека се намалува невработеноста, растот на платите и дека е забележлив напредокот во поглед на невработеноста на малцинските групи и жените.

– Отворивме седум милиони работни места откако ја преземав должноста. За време на последната администрација во САД беа затворени 60.000 фабрики, а во мое време отворивме нови 12.000 – рече Трамп.

Прочитајте и...  Нови 183 случаи со ковид-19, пет лица ја загубија битката

„Денес го претставувам американскиот модел како пример за целиот свет; модел кој е за работниците, граѓаните и за семејствата“, рече и додаде дека САД имаат намера да ги намалат даноците во светот.

Потоа премина на трговската војна со Кина и рече дека преговорите со таа земја напредуваат и дека наскоро ќе влезат во втора фаза.

Ги нападна радикалните социјалисти

Трамп рече дека САД е меѓу државните со најчистата вода и воздух на светот и дека Соединетите Држави сега се најчисти во последните 40 години. Предупреди дека е време за надеж и оптимизам, а не за стравувања и апокалиптични предвидувања. Констатираше дека доволно време песимисти управувале со животите на граѓаните и дека САД нема да дозволат радикалните социјалисти да ја уништат американската економија.

Прочитајте и...  Во Вила Водно почна состанокот на Советот за безбедност

За потсетување, на почетокот на панелот зборуваа Грета Тунберг и други млади климатски активисти. Предупредија дека е важно да се сфати колку е сериозна ситуацијата со климатските промени и дека немаме многу време да го решиме проблемот со глобалното затоплување.

Прочитај повеќе

Бектеши ги охрабрува приватните компании: Следете ја етничката застапеност како во јавниот сектор

Слободен печат

Несреќа во Нигерија: Експлодира камион-цистерна, меѓу 23. загинати има и деца

Слободен печат

Белоруската полиција со водени топови растерува илјадници демонстранти во Минск (видео)

Слободен печат

Старт на судски процес на обвинителка контра опозиција: Рускоска претрпела душевна болка од изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Богат „лов“ на британската полиција: Запленет тон кокаин од „А“ класа во вредност од 128 милиони долари

Слободен печат

Мерки на реципроцитет: Москва го прошири списокот со претставници на ЕУ на кои им забранува влез во Русија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Реакција на „Твоја Партија“: Субвенционирање на вработувања по националност е дискриминација

Слободен печат

Петти протест на ВМРО-ДПМНЕ: „Мафија“ и „Оставка“ се скандира на рутата од Правда до Кривичен суд

Слободен печат

И официјално: Алекса Бечиќ е избран за нов претседател на црногорскиот Парламент

Слободен печат

Поради прибирање на информации што претставувале државна тајна: Бугарија протера двајца руски дипломати

Слободен печат

Судските такси за физички лица од 48.000 денари се ограничуваат до 6.000 денари

Слободен печат

Овие училишта добија дозвола за физичка настава

Слободен печат