Трамп отвори канцеларија на Флорида која ќе ги промовира неговите програми

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Доналд Трамп отвори канцеларија на Флорида, која ќе ги води неговите работи како поранешен претседател на САД и ќе ги промовира програмите на неговата администрација.

„Кабинетот ќе биде одговорен за водење на кореспонденцијата на претседателот Трамп, за неговите јавни настапи и појавувања и официјални активности за промовирање на интересите на САД и програмите на администрацијата на Трамп преку активизам”, се вели во соопштението од неговиот тим.

Во меѓувреме, Претставничкиот дом му го предаде на Сенатот обвинението против Трамп за поттикнување бунт за време на говорот одржан непосредно пред упадот на неговите приврзаници во зградата на капитол Хил на 6 јануари. Судењето треба да почне на 9 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот