Трамп откри како ќе изгледа логото на Вселенските сили на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп откри како ќе изгледа логото на Вселенските сили на САД, но како што пренесуваат светските медиуми, воените дизајнери останале без идеи кога ја смислувале ознаката, бидејќи многу потсетува на логото на Вселенската флота од „Ѕвездени патеки“.
„По советувањето со нашите големи воени лидери и дизајнери, имам задоволство да ви го претставам новото лого на Вселенските сили на САД, шеста филијала на нашата величевствена војска“ напиша Трамп на Твитер.
After consultation with our Great Military Leaders, designers, and others, I am pleased to present the new logo for the United States Space Force, the Sixth Branch of our Magnificent Military! pic.twitter.com/TC8pT4yHFT
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 24, 2020
Корисниците на социјалните мрежи многу брзо забележаа сличност кај новото лого со ознаката која ја носеа Кирк, Пикард, Спок и останатите вселенски патници во „Ѕвездени патеки“.
Сличноста кај двете ознаки оставија многу луѓе во неверица дека во војската навистина веќе немале инспирација па го копирале дизајнот од култната научнофантастична серија.
„Очекуваме да ни платите за користење на ова“ напиша Џорџ Такеј, еден од членовите на екипажот на „Ентерпрајз“ и оригиналната актерска екипа од 60-те години.
Сепак, имаше и такви кои го бранеа дизајнот, тврдејќи дека всушност е заснован на веќе постоечката ознака на Вселенската команда на американското воздухопловство.