ТРАМП ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ НАПАД НА ИРАН: Акцијата ја откажав 10 минути пред почетокот

Денеска беше откриено дека претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера одобрил напад врз Иран откако Техеран соборил американско беспилотно летало, но набргу тоа, поточно само 10 минути пред почетокот на воената акција, тој ја го откажал нападот.

Трамп на Твитер напиша дека тоа го направил откако бил информиран дека 150 Иранци најверојатно ќе бидат убиени во нападот.

„Бевме подготвени целосно за да се одмаздиме за минатата ноќ. Напади беа планирани на 3 различни места, но акцијата ја откажав кога прашав колкумина ќе умрат”, објави денеска Трамп на Твитер.

Кога му било кажано за бројот, Трамп рекол дека тој не е „пропорционален со уништувањето на беспилотното летало”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот