Трамп: Оставката на Моралес носи демократија на западната хемисфера

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека оставката на боливискиот лидер Ево Моралес претставува важен момент за демократијата на западната хемисфера.

Трамп му оддаде признание на боливискиот народ бидејќи барал слобода, како и на боливиската војска која ја почитувала заклетвата дека ќе го штити Уставот на земјата.

Тој оцени дека заминувањето на Моралес ја чува демократијата и го отвора патот да се слушне гласот на боливискиот народ.

Американскиот претседател нагласи дека случувањата во Боливија им испраќаат јасен сигнал на Венецуела и Никарагва дека „демократијата и волјата на народот секогаш победуваат”.

– Чекор поблиску сме до целосно демократска, просперитетна и слободна западна хемисфера- додаде Трамп.

Ево Моралес, првиот домородец претседател на Боливија, пред два дена поднесе оставка, откако тоа од него го побара војската, по неколку недели протести поради спорните избори во земјата. На него вчера му беше одобрен азил од Мексико, чии власти побараа од боливиското МНР да му се овозможи, според меѓународното право, слободно да излезе од земјата.

Прочитајте и...  Борисов: Постои демократски начин за преземање на власта, а тоа е на избори

Прочитај повеќе

Светот допрва ќе ги осети последиците од короната: Вниманието е на вирусот, а демнее опасност за која никој не збори

Слободен печат

Протестите во Србија продолжуваат шести ден по ред

Слободен печат

Богојески: Гласајте за 10 за слободни медиуми, за кривично дело лажно политичко ветување

Слободен печат

Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум

Слободен печат

Хоти: Приштина во дијалогот со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање

Слободен печат

Шекеринска: Десетина дена пред нападот во Собранието ќерката на Дурловски ми седеше во скут додека и читав приказна

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Четврти ден протести во Бугарија: Демонстрантите бараат оставка од Владата и јавниот обвинител

Слободен печат

Заев: Со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим

Слободен печат

Мицкоски: Нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми

Слободен печат

Спасовски и Филипче во Куманово: На 15 јули гласајте за сигурно здравство

Слободен печат

Еколошка катастрофа: На Арктикот истекле 45 тони гориво

Слободен печат

МЗ: Изминатиот период се набавени 12 амбулантни возила и 13 нови возила за домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат