Трамп: Околу 640 американски војници остануваат на Косово

– Околу 640 американски војници, кои во моментов се дел од КФОР, ќе останат во Косово како дел од силите од околу 4.000, потврди американскиот претседател Доналд Трамп во писмото до спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и до вториот највисокорангиран функционер на Сенатот, републиканецот Чак Грасли.

Според „Гласот на Америка”, станува збор за писмо во кое претседателот Трамп и неговата администрација, во согласност со Резолуцијата за воени сили (Закон 93-148), се стремат да го информираат Конгресот за распоредување на вооружени сили на САД опремени за борба низ целиот свет.

Во делот од писмото за Косово, Трамп наведува дека „САД продолжуваат да даваат придонес кон силите на КФОР, предводени од НАТО, во соработка со локалните власти, билатералните партнери и меѓународните институции, со цел да се избегнат обновените непријателства во Косово”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот