Трамп официјално ја објави кандидатурата за претседател во 2024 година

Доналд Трамп/ Фото: Brian Cahn / Zuma Press / Profimedia

Доналд Трамп синоќа ја објави својата кандидатура за претседател од Републиканската партија во 2024 година, за што експертите сметаат дека веројатно ќе предизвика уште еден период на метеж во американската политика, а особено во неговата политичка партија, пишува „Гардијан“.

„Со цел да ја направам Америка повторно голема и славна, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Соединетите држави“, рече Трамп од Мар-а-Лаго.

Ветувајќи дека ќе го победи Џо Бајден во 2024 година, тој изјави: „Златното доба на Америка е пред нас“.

Сината тврдина го издржа црвениот бран, Десантис му ја грабна круната на Трамп

Тој го нарече Бајден „лицето на левичарскиот неуспех и владината корупција“ и го обвини за влошување на инфлацијата и „предавање“ на енергетската независност на Америка. Тој, исто така, го критикуваше повлекувањето на администрацијата од Авганистан како „најсрамниот момент во историјата на нашата земја“.

„Нашата земја се уништува пред ваши очи“, рече тој, оценувајќи ги неговите четири години на функцијата како блескав успех, и покрај тоа што зад себе остави нација потресена од болести и политички превирања.

Шест препреки за Доналд Трамп на патот кон претседателската функција

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот