Трамп ОДОБРИЛ воени напади врз Иран, но потоа се премислил

Фото: EPA-EFE/Shawn Thew

Претседателот Доналд Трамп одобрил одмазднички воени напади врз Иран во четвртокот, пред да се премисли. Функционери од Белата Куќа велат дека напади биле планирани врз повеќе мети, велат од Њујорк Тајмс.

Тие велат дека операцијата била почната во рана фаза, кога Трамп ја запрел акцијата на американците. Нападите биле како одговор на тоа што Иран го уништија дронот за шпионирање на Американците, пишуваат од весникот.

Од Иран соопштија дека леталото на американците им влегло на територија во раните утрински часови во четврток. Од САД пак, изјавија дека тоа било уништено во интернационален воздушен простор.

Инцидентот доаѓа во време на ескалирачки тензии помеѓу двете земји.

САД пред скоро ги обвини Иран за напади на танкери за нафта кои работеле во регионот, додека Иран соопшти дека наскоро ќе ги помине интернационалните договорени граници на нивната нуклеарна програма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот