Трамп: Одложено зголемувањето на царините за кинески стоки

фото: EPA-EFE/WU HONG

САД го одложуваат планираното зголемување на царините за увозни стоки од Кина вредни 250 милијарди долари за 15 октомври. Тоа го објави на Твитер претседателот на САД, Доналд Трамп.

Првично беше планирано царините за тие стоки да се зголемат од 25 на 30 отсто на 1 октомври.

„На барање на заменикот премиер на Кина, Лиу Хе и поради прослава на 1 октомври на 70-годишнина на НР Кина, договоривме во знак на добра волја, да одложиме зголемување царини на стоки во вредност од 250 милијарди долари”, објави Трамп на Твитер. Зголемувањето се одлага за 15 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот