Трамп одликуваше куче херој (ВИДЕО)

Фото: Принтксрин

Американскиот претседател Доналд Трамп го одликуваше со медал и плакета кучето Конан, кое учествуваше во операцијата на американските специјалци, што резултираше со смрт на водачот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

– Ова е Kонан Тој во моментов е најславното куче на светот – рече Трамп, претставувајќи го военото куче пред медиумите во Белата куќа.

Трамп сакаше да го одликува кучето уште од операцијата во северозападна Сирија во октомври, во која тој беше полесно повреден.

Конан се опорави и се врати на должноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот