Трамп одби обврзување на мирен пренос на власта, возврати дека „власта ќе продолжи“ (ВИДЕО)

Фото: EPA / Molly Riley

Претседателот на САД, Доналд Трамп на прес-конференција одби целосно да се обврзе на мирен пренос на власта по изборите.

Тој на прашањето на новинарите за мирно префрлање на власта одговори: „Ќе мора да причекаме и да видиме што ќе се случува“.

Новинар го праша американскиот претседател: „Ако победите, изгубите или се повлечете од изборите, ќе се обврзете ли тука денес на мирен трансфер на власта по изборите?“

Американскиот претседател по опширниот одговор возврати дека „власта ќе продолжи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот