Трамп очекува мировниот план за Блискиот исток да им се допадне на Палестинците

Американскиот претседател рече дека на „Палестинците би требало да им се допадне планот“ и смета дека тој е добар за нив, пренесе „Ројтерс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денес попладне ќе го објави долгоочекуваниот мировен план за Блискиот исток.

Трамп тоа вчера го соопшти на новинарите за време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.

Американскиот претседател рече дека на „Палестинците би требало да им се допадне планот“ и смета дека тој е добар за нив, пренесе „Ројтерс“.

Трамп во посебна средба треба да се сретне и со ривалот на Нетанјаху, лидерот на партијата Сино и бело Бени Ганц.

Белата куќа се надева дека Трамп, ако ја добие поддршката и од Нетанјаху и од Ганц, ќе помогне да се направи некаков напредок во регионот.

Како што се наведува, планот на Трамп е резултат на тригодишните напори на неговите советници Џаред Кушнер и Ави Берковиц, како и Џејсон Гринблат.

Предлогот е напишан на повеќе од 50 страници и има за цел да го реши најтешкиот проблем на Блискиот исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот