Трамп немал мозочен удар, тој е здрав, тврди неговиот лекар

Шон Конли, личниот лекар на американскиот претседател потврди дека Трамп немал мозочен удар или некој друг сериозен здравствен проблем, како што објавија странските медиуми.

-Можам да потврдам дека претседателот Трамп немал цереброваскуларен аксидент (мозочен удар), минлив исхемичен напад (мини мозочен удар) или каков било друг итен акутен кардиоваскуларен проблем, како што беше погрешно пренесено во медиумите, вели Конли во изјавата.

Лекарот потврди дека претседателот е здрав и дека не е загрижен за неговата способност да го реализира ригорозниот распоред што е пред него, пренесуваат британските медиуми.

Дури и самиот Трамп на својот Твитер налог напиша дека станува збор за лажни вести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот