Трамп: Нема да правам нова партија, тоа се лажни вести

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Поранешниот амбасадор на САД, Доналд Трамп порача оти нема намера да формира нова партија што би била ривалска на Републиканската, пренесува „Глас на Америка“. Говорејќи на годишната конференција на Конзервативната политичка акција (ЦПАС) на Флорида, Трамп ги нарече „лажни вести“ извештаите за трета партија.

Трамп во изминатите месеци беше во конфликт со Републиканците кои го отфрлија неговото барање за оспорување на резултатите од претседателските избори и гласаа за негово отповикување.

Обраќајќи се на конзервативната публика, Трамп навести дека е подготвен за повторно да се кандидира за претседател во 2024 година и ги повтори своите дискредитирани и неосновани тврдења дека демократите ги „украле“ изборите во 2020 година, јавува „Глас на Америка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот