Трамп негира дека го предупредил Иран за најавениот напад

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира денешните медиумски извештаи дека на Иран му била испратена предупредувачка порака за американскиот напад, кој подоцна беше откажан.

Ирански извори за американски медиуми претходно изјавија дека Трамп преку Оман го предупредил Техеран оти нападот на САД е неизбежен.

-Не сум ја испратил таа порака. Не сакам војна, изјави Трамп.

Американскиот претседател смета дека Иран сака да преговара.

-И мислам дека сакаат договор. А мојот договор е нуклеарен. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Мислам дека не им се допаѓа позицијата во која се наоѓаат. Нивната економија е апсолутно уништена, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот