Трамп не се согласува со Ердоган: Турската операција во Сирија е лоша идеја

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска соопшти дека САД не ја поддржуваат воената операција на Турција во Сирија, потенцирајќи овој напад е лоша идеја.

– Утрово, Турција, членка на НАТО, ја нападна Сирија. САД не го одобруваат овој напад и ѝ ставија на знаење на Турција дека оваа операција е лоша идеја. Нема американски војници во областа. Од првиот ден кога влегов во политичката арена, јасно ставив до знаење дека не сакам да се борам во оние бескрајни, бесмислени војни – особено оние од кои САД немаат корист – се посочува во пишаната изјавата на Трамп.

Тој додаде дека Турција се обврзала да ги заштити цивилите, да ги заштити религиозните малцинства, вклучително и христијаните, и да се осигура дека нема да се случи хуманитарна криза – и дека тој ќе ги држи за збор.

– Турција сега е одговорна да обезбеди сите борци на Исламска држава (ИД) кои се држат во заробеништво да останат во затвор и е одговорна за тоа ИД да не се реструктуира на кој било начин или форма. Очекуваме Турција да ги почитува сите свои обврски, а ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата – посочи американскиот претседател во пишаната изјава, јави Си-Ен-Ен.

Во меѓувреме, Меѓународниот Црвен крст и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) објавија соопштенија во кои ја потенцираат нивната загриженост за животите на десетици илјадници луѓе во североисточна Сирија кои живеат во кампови, затвори или во сопствените села и градови. Над 100.000 луѓе во моментов се во камповите во Хасака, Рака и Деир Езор.

– Хуманитарниот простор треба да се зачува за луѓето да можат да ја добијат помошта што им е потребна – рече Фабрицио Карбони, директор на ИЦРЦ за Блискиот и Далечниот исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот