Трамп: Не планирам да ги повлечам САД од НАТО

Американскио претседател Доналд Трамп во интервју за Вашингтон пост и телевизијата Фокс изјави дека не планира да ги повлече САД од НАТО.

– Не, јас не сакам излегување од НАТО. Но, сакам (другите земји-членки) да го плаќаат својот дел, истакна Трамп.

Тој додаде дека осум земји-членки издвојуваат два проценти од бруто домашниот производ за Алијансата.

– Но, всушност два процента се многу малку… Има такви кои речиси ништо не плаќаа, а сега плаќаат. И тие ме прашаа дали би се повлекле… И јас одговорив: Да. Ако не дадов таков одговор, тие немаше да плаќаат, истакна Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот