Трамп нападнат на Твитер: Ги издаде Курдите и не знаеш да напишеш „Битлси“

Објавата на американскиот претседател на Твитер за тоа дека „Битлси“ се префрлени на непозната локација предизвика низа на негативни реакции, меѓу другото и поради спелувањето.

Доналд Трамп на својот Твитер профил напиша дека таканаречените „Битлси“, борци на Исламската држава, се преместени на непозната локација за да можат да ги „држат под контрола“, додека трае турскиот воен упад на тоа подрачје, но „Битлси“, во твитот на Трамп се спелувани како „Beetles“, наместо „Beatles“.

Покрај „лошиот англиски“, илјадници луѓе кои го коментираа твитот на Трамп, му замеруваат на американскиот претседател и на тоа што со повлекувањето на американски трупи на север во Сирија повторно се оживува Исламската Држава и што повторно ги оставил Курдите „на цедило“ и на „милост и немилост на Туците“.

Корисниците на Твитер веќе масовно го користат хаштагот #TrumpBetrayedTheKurds (Трамп ги предаде Курдите).

Фото: Принтскрин

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот