Трамп најавува сопствена социјална мрежа

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има планови за своја платформа. Според најавите на неговиот советник, платформата треба да го види светлото на денот за два до три месеци.

Karikatur Sergey Elkin Donald Trump Social Media
По најавите за сопствена платформа на Трамп, карикатура на Сергеј Елкин (ДВ на руски јазик)

Откако неколку социјални мрежи, како Твитер и Фејсбук, му ги блокираа профилите, поранешниот американски претседател Доналд Трамп има планови за создавање сопствена платформа. Така барем тврди неговиот советник Џејсон Милер. Според изјавите на Милер за Фокс Њус, Трамп ќе се врати на социјалните мрежи со своја платформа за два до три месеци. Тоа „комплетно ќе ја редефинира играта“, изјави Милер вчеравечер и додаде дека „платформата ќе биде голема“.

Милер најави дека на новиот канал повторно милиони луѓе ќе го следат Трамп. Не наведувајќи други детали тој уште рече дека Трамп, за да ја реализира својата намера, во резиденцијата на Флорида одржувал интензивни средби со различни тимови.

Поранешниот американски претседател на Твитер имаше 88 милиони следачи. Платформата во јануари соопшти дека трајно ќе го блокира профилот на Трамп поради „ризик од натамошно поттикнување насилство“. Претходно, приврзаници на Трамп го нападнаа Капитол во Вашингтон во знак на протест против резултатите од изборите, кои Трамп ги загуби. Трамп беше соочен со обвинувања дека ја подбуцнал толпата. Републиканецот за блокирањето на профилот на Твитер оцени дека се работи за заговор на соработници на социјалната платформа со Демократите и „радикалната левица“ со цел тој да биде замолчен. Трамп не даде докази за ваквите обвинувања.

Преземено од Дојче Веле

[sc name=”dw” ]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот