Трамп најави втор голем предизборен собир, иако бројот на заразени со коронавирус е во пораст

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека за неколку дена ќе го одржи вториот голем предизборен собир во рамките на претседателската кампања за изборите во ноември, и покрај тоа што во некои американски сојузни држави е во пораст бројот на инфицирани лица со Ковид-19.

Трамп планира на 11 јули да одржи митинг на отворено на аеродромот во Портсмаунт во Њу Хемпшир, а за учесниците ќе бидат обезбедени маски.

Од предизборниот штаб на Трамп наведоа дека сите учесници на митингот ќе треба да потпишат „доброволно прифаќање на сите ризици” поради новиот коронавирус и оти кампањата на Трамп нема да сноси одговорност.

Првиот голем митинг се одржа во март, додека пред три недели беше одржан собир на стадионот во Тулси, државата Оклахома, но беше слабо посетен иако Трамп најави дека еден милион луѓе обезбедиле безплатни влезници.

Во САД регистрирани се 2.983.142 заразени лица со Ковид-19, од кои 132.571 починале, а оздравеле 1.289.687 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот