Трамп најави укинување на санкциите кон Турција – Слободен печат
ВестиПланета

Трамп најави укинување на санкциите кон Турција

САД ќе ги укинуваат санкциите кон Турција поради неодамнешната офанзива против курдските борци во североисточна Сирија.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави укинување на санкциите кон Турција, откако Анкара ја затвори офанзиавата во северна Сирија, пренесе „Би-Би-Си“.

Ова следи откако Русија и Турција се согласија да го продолжат примирјето долж сириската граница, со распоредување на руските воени сили. Турската офанзива почна по неочекуваната одлука на Трамп да ги повлече американските војници од северна Сирија

– Некој друг нека се бори за ова долго крваво мочуриште. Санкциите ќе бидат укинати, освен ако не се случи нешто од што нема да бидеме задоволни – рече Трамп.

Додаде дека Турција го уверила оти ќе престане да се бори во регионот и ќе направи постојан да важи договорениот прекин на оган.

– Ние ги спасивме животите на голем број Курди – рекол Трамп и напоменал дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „прави вистинска работа за својата земја“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close