Трамп најави санкции за лица вклучени во истрагата за американски злосторства во Авганистан

Освен злосторствата кои ги извршиле талибанските бунтовници и властите во Кабул, судот наложи истрага и за малтретирање затвореници од страна на американските сили и ЦИА во Авганистан.

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде денеска уредба со која се дозволува воведување санкции против поединци кои се вклучени во истрагата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за евентуални злосторства кои американските сили ги извршиле во Авганистан.

Висок претставник од администрацијата на Трамп прокоментирал дека истрагата на МКС ја „води една организација со сомнителен кредибилитет”, обвинувајќи ја Русија за учество во таа истрага.

Извршната наредба на претседателот му дава овластување на американскиот државен секретар Мајк Помпео во договор со министерот за финансии Стивен Мнучин да ги блокира сметките во САД на службениците во МКС, кои се вклучени во истрагата за американските злосторства извршени во Авганистан, како и да им се забрани влез на тие лица во Америка.

Откако обвинителството во Хаг соопшти дека постои оправдан сомнеж дека во Авганистан се извршени воени злосторства, МКС донесе одлука во 2017 година дека заклучокот на обвинителството е во надлежност на судот.

Освен злосторствата кои ги извршиле талибанските бунтовници и властите во Кабул, судот наложи истрага и за малтретирање затвореници од страна на американските сили и ЦИА во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот