Трамп најави пресконференција за коронавирусот

На пресот најавен од Трамп ќе присуствуваат и претставици на федералните Центри за контрола и превенција на заболувања (ЦДЦ).

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека вечерва ќе оддржи прес конференција околу ситуацијата со новиот коронавирус.

Додека болеста се шири глобално и има опасност да стане пандемија, главните здравствени институции на САД испратија предупредување до Американците дека треба да се подготват за најлошото – епидемијата да се прошири и во САД.

На пресот најавен од Трамп ќе присуствуваат и претставици на федералните Центри за контрола и превенција на заболувања (ЦДЦ).

Претходно, претседателот ги критикуваше претставниците на американските медиуми како известуваат за ситуацијата со коронавирусот, нарекувајќи ги „лажни вести”.

Според Трамп, Администрацијата и ЦДЦ „одлично се справуваат” со сиуацијата како на пример навременото затворање на границата на САД за некои светски региони.

Прочитајте и...  Да се запрат лажните информации за Ковид-19 на интернет, предлагаат експертите

Како што синоќа изјави американскиот министер за здравство, Алекс Азер, нема директни ризици за масовно ширење на вирусот во САД , но дека ситуацијата може да се измени поради ненадејното ширење на болеста во други земји, вклучително и Европа.

Според него, до вчера, 25 февруари, во САД биле забележани 14 случаи на зараза со Ковид 19 и таа бројка сеуште не е изменета.

Трамп синоќа по враќањето од Индија изјави дека ситуацијата со коронавирусо во САД е под контрола, но од ЦДЦ во меѓувреме укажаа на можноста вирусот да се прошири во САД.

-Прашањето сега е не дали тоа ќе се случи , туку кога ќе се случи. Американците треба да се подготвени вирусот силно да го поремети секојднвениот живот, иако засега е невозможно да се прогнозира колку широко може да се распространи, изјави Ненси Месонје, експерт од ЦДЦ по прашања за вакцинација.

Прочитајте и...  Стејт департмент: Руската медицинска опрема е купена, не е подарок (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Затвореници копаат масовни гробници во Њујорк: Градските власти се подготвуваат за црно сценарио

Слободен печат

Да се запрат лажните информации за Ковид-19 на интернет, предлагаат експертите

Слободен печат

Столтенберг: Воениот персонал им помага на сојузниците со медицински транспорт, евакуација, транспорт на пациенти

Слободен печат

Изминатово деноноќие во Њујорк починаа 432 жртви од Ковид-19

Слободен печат

Министерот за здравство на Израел заразен со коронавирусот

Слободен печат

Новороденчето негативно на коронавирус, мајката во стабилна состојба на Инфективна

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Истражување: Ковид 19 може да се справи со релативна влажност од 50 проценти

Слободен печат

И Волво почна да произведува заштитни маски за здравствените работници 

Слободен печат

Тринаесет партии бараат исклучување на партијата на Виктор Орбан од Европските Народни партии

Слободен печат

Твитер во акција против ботовите: отстрани над 8000 налози кои промовираат партиски политики

Слободен печат

Димитров: Ова не е само наш успех, ова е успех и за сите наши партнери во евро-атлантската заедница

Слободен печат

Претседателот на иранскиот Парламент е болен од Ковид-19

Слободен печат