Трамп најави кандидатура за Белата куќа во 2024 година

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вчерашниот говор на конференцијата за Конзервативна политичка акција (КПАК) навести кандидатура за Белата куќа во 2024 година, повторувајќи ги своите тврдења дека демократите ги „украдоа” изборите во 2020 година.

„Си-Ен-Ен“ наведува дека Трамп од говорницата на КПАК во Орландо се обидел да ја врати својата и да обезбеди најголемо влијание во Републиканската партија пред меѓуизборите во 2022 година.

– Далеку од тоа дека нашето неверојатно патување ќе заврши. Ќе победиме, а Америка ќе биде посилна и поголема од порано, рече Трамп.

Иако има истакнати критичари во партијата, повеќето републиканци застанаа на страната на Трамп за време на конференцијата во Орландо, додека државните и локалните партиски претставници почнаа да ги осудуваат републиканските пратеници кои го поддржаа неговото отповикување, инфомира телевизијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот