Трамп најави „диви” демонстрации на 6 јануари во Вашингтон

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

На денот кога американскиот Конгрес треба да ја потврди изборната победа на Џо Бајден, претседателот во заминување Доналд Трамп најави демонстрации во Вашингтон. Според планот на организаторите, протестите треба да започнат од Обелискот во Вашингтон, потоа преку Плоштадот на Слободата до зградата на Конгресот на „Капитол Хил“, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.

– Ќе обезбедиме мирно одржување на протестите и насилство нема да се толерира, рече новоназначениот началник на полицијата во Вашингтон Роберт Конти во интервју за „Вашингтон пост”.

Една од причините за страв од насилство за време на собирот на приврзаници на Трамп е пораката што актуелниот претседател ја испрати преку Твитер, во која ги повикува сите оние кои го поддржуваат да дојдат на протестот што тој го нарече „Стоп за кражбата” со најавата дека демонстрациите „ќе бидат диви”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот