Трамп на посета во Јужна Кореја

Фото: EPA-EFE/Shawn Thew

Американскиот претседател, Доналд Трамп оваа недела ќе ја посети Јужна Кореја за да разговара за начините за заживување на нуклеарните разговори со Северна Кореја, објави Кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

-Трамп треба да ја започне својата дводневна посета в сабота и да одржи самит со претседателот Мун Џае-ин во недела, по самитот на лидерите на Групата од 20 најголеми економии во западниот град Јапонија Осака – изјави портпарол на претседателот Мун.

Посетата на Трамп се реализира откако во минатата недела тој размени писма со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот