Трамп на митинг ги искритикува демократите, но застана зад Сандерс

Profimedia

Трамп го одбрани Сандерс во нивната караница со сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа на митинг со поддржувачи во Висконсин, ја објасна својата одлука за елиминација на иранскиот генерал и ги искритикува демократите за „слабост” во однос на прашања за национална безбедност.

На митингот, добар дел од обраќањето Трамп искористи за критики до демократските кандидати за претседател, како сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.

-Берни и левичарските кандидати не можат да ги заштитат вашите семејства, ниту нашата земја, изјави претседателот, обраќајќи се на илјадници луѓе собрани во спорската сала „Пантер арена” во Милвоки.

Притоа, Трамп го одбрани Сандерс во нивната караница со сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен. Ворен претходно изјави дека во декември 2018 година за време на приватен разговор со Сандерс, тој наводно кажал дека не верува во тоа дека жена може да стане претседател на САД.

-Не верувам дека Берни го рекол тоа. Навистина не верувам, тој не би имал намера да каже такво нешто, изјави Трамп.

Претседателот го исмеа и Џо Бајден кој понекогаш прави грешки во географски термини, како за време на неодамнешен настан кога бившиот потпретседател го помеша Иран со Ирак. Трамп рече дека Бајден „нема да оздрави”.

Победата во Висконсин на изборите во 2020 година е една од основните цели на демократите, и поради тоа Демократската партија лани во Милвоки одржа конгрес. Трамп во 2016 година овде победи со разлика од 23 илјади гласови. Висконсин пред тоа традиционално се сметаше за демократско упориште.

На митингот со Трамп дојде и неговот потпретседдател Мајк Пенс, кој настапи на почетокот, со порака дека кандидатите од Демократската партија се „премногу леви” за Висконсин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот