Трамп на Јутјуб ќе ја промовира кампањата за претседателските избори во САД

Во извештајот се нагласува дека поранешниот американски претседател, Барак Обама го направил истото еден ден пред изборите во 2012 година и пред Републиканската партија да објави дека Мит Ромни ќе биде нејзин кандидат за претседател.

Изборниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп откупи рекламен простор на Јутјуб што ќе го користи за промоција на кампањата за претседателските избори.

Промоцијата ќе биде на насловната страна на Јутјуб од трети ноември оваа година, за кога и се закажани претседателските избори во САД.

Се уште не е познато која е сумата што Трамп ќе ја плати на Јутуб за промоција на кампањата.

Претставник на Јутјуб истакна дека сите реклами што ги почитуваат политиката и правилата на Јутјуб ќе можат да се појават на нивната платформа.

Во извештајот се нагласува дека поранешниот американски претседател, Барак Обама го направил истото еден ден пред изборите во 2012 година и пред Републиканската партија да објави дека Мит Ромни ќе биде нејзин кандидат за претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот