ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН СО УНИШТУВАЊЕ: Само нападнете што било американско!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му се закани на Иран со уништување, доколку нападнат што било американско, взовраќајќи на „неуката и навредлива изјава на Техеран“.

„Иран даде многу неука и навредлива изјава, која само покажува дека не се свесни за реалноста. Ако нападнат што било американско ќе им одговориме со огромна и надмоќна сила. Во некои области, надмоќното ќе значи уништување. Ги нема повеќе Џон Кери и Обама!“, напиша Трамп на својот Твитер профил.

Иран предупреду дека новите санкции кон земјата и врховниот лидер значат крај на дипломатијата меѓу Техеран и Вашингтон.

Дури и претседателот Хасан Рохани, ги спореди последните акции на Белата куќа со ментална заостанатост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот