Трамп му испратил важни информации на Путин поради кои бил спречен терористички напад во Русија

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Разговорот бил инициран од Москва, а Путин му заблагодарил на Трамп за информацијата, добиена преку специјалните служби, кои помогнале за спречување на терористички напади во Русија.

Со помош на американските специјални служби биле спречени терористички напади на територијата на Русија, се дознава од денешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Разговорот бил инициран од Москва, а Путин му заблагодарил на Трамп за информацијата, добиена преку специјалните служби, кои помогнале за спречување на терористички напади во Русија.

Освен тоа двајцата лидери се осврнале и на повеќе прашања од взаемен интерес, а се договориле да ја продолжат соработката во борбата против тероризмот.

Претходно денеска Путин имаше телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел. Тие се согласија да го поддржат проектот „Северен поток 2″, позитивно ја оценија размената на затвореници со Украина и се договориле за натамошни контакти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот