Трамп му честиташе на Путин за размената на затвореници и праша дали ова не лош преседан

Русија и Белорусија ослободија 16 лица кои беа затворени, меѓу другото, поради нивните новинарска работа и активизам. За возврат, 10 лица и беа предадени на Москва од затворите во различни западни земји. Но, како што вели Трамп, беа ослободени и некои од најголемите убици во светот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа „му честиташе“ на рускиот претседател Владимир Путин за големата размена на затвореници меѓу Русија, Белорусија и неколку западни земји, прашувајќи дали со „страшната зделка“ не е направен преседан.

-Би сакал да му честитам на Владимир Путин што направи уште една голема работа. Ослободија некои од најголемите убијци во светот. Вратија некои од најзлите убијци. Ги вративме нашите луѓе, но човече, направивме некои страшни, страшни зделки. И убаво е да се каже дека ги вративме, но дали со тоа се направи лош преседан? – запраша тој.

Во размената на затвореници меѓу Русија и Западот, ослободен е новинарот Гершкович, но и наемниот убиец Красиков.

Во размената на затвореници без преседан, Русија и Белорусија ослободија 16 лица кои беа затворени, меѓу другото, поради нивните новинарска работа и активизам.

За возврат, 10 лица и беа предадени на Москва од затворите во различни западни земји.
Неколку земји беа вклучени во размената, при што двајца американски граѓани од висок профил – новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, и поранешниот американски маринец Пол Вилан – се вратија дома.

Како дел од зделката, ослободен е и Русинот Вадим Красиков, кој во Германија беше осуден на доживотен затвор за убиство на Грузиец со чеченско потекло во 2021 година во срцето на Берлин.
Договорот го постигна владата на американскиот претседател Џо Бајден, со помош на Германија и други сојузници.

Трамп укажа на сопствениот рекорд за враќање на американски државјани кои се држеле во затвори во странство за време на неговото претседателствување, истакнувајќи „никогаш ништо не платив“.
Републиканскиот претседателски кандидат веќе го нападна големиот договор со Русија непосредно по објавувањето на веста во четвртокот, и без никакви докази имплицираше дека за неговото постигнување се платени пари.

 

Европејците мора да се договорат или со Трамп или со Путин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот