Трамп му честитал роденден на Ким Џонг-ун

Ким Џонг-ун е роден на 8 јануари 1984 година во Пјонгјанг.

Американскиот претседател Доналд Трамп упатил роденденска честика на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Тоа на новинарите им го соопшти јужнокорејскиот советник за национална безбедност Чунг Еуи-јонг, кој со Трамп имаше состанок оваа недела во Вашингтон.

Чунг рече дека во таа прилика му е предадена честитка која тој вчера ја испорачал.

– На денот кога се состанавме му беше роденден на Ким Џонг-ун и претседателот Трамп се присети на тоа, па побара од мене да му пренесам честитка, рекол Чунг, а пренесува „Ројтерс“.

Ким Џонг-ун е роден на 8 јануари 1984 година во Пјонгјанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот