Трамп „мисли дека знае“ кој стои зад нападот на 11 септември: НЕ, НЕ Е ИРАК

Фото: EPA-EFE/Shawn Thew

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека мисли дека знае кој е одговорен за терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, но не сака ништо јавно да каже, Како што вели, тоа не е Ирак, пренесува Телеграф.рс.

Во интервју за Еј-Би-Си, Трамп зборуваше за американската инвазија на Ирак во 2003 година до која дојде по нападот на Њујорк и Вашингтон при кој загинаа речиси 3.000 луѓе.

– Ирак не го сруши Светскиот трговски центар. Тоа не беше Ирак. Тоа беа други луѓе и мислам дека знам кои беа. Мислам дека знаете и вие – рече Трамп.

Не е најјасно на кого Трамп мислеше.

Администрацијата на Џорџ Буш, по 9/11 изврши инвазија на Ирак во март 2003 година, тврдејќи дека таа земја има оружје за масовно уништување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот